Search

Пиоли: Натпреварот против Атлетико е последна шанса за Милан во ЛШ

Претпоследното 5. коло во елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите во групите од А до Д вечерва може да донесе расплет, но и нов заплет кои ќе бидат патниците во нокаут фазата да се одлучува во последните 90 минути закажани за 7 декември. Ваква грижа нема да имаат Ливерпул (Б група) и Ајакс (Ц група) бидејќи работата си ја завршија во четирите одиграни кола, додека преостанатите екипи се со амбиции да ја завршаат обврската во последните две која и да си обезбедат европска пролет во елитното натпрераврување или да добија шанса за поправен во второто по ранг Лига Европа.

И Милан кој игра добро во италијанската Серија А, но не и во групата Б каде е последнопласиран со само еден бод има своим математики како да се најде во нокаут фазата.  Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги сподели своите очекувања за натпреварот од 5. натпревар против Атлетико Мадрид.

– Натпреварот против Атлетико е наша последна шанса и одлична можност за победа. Досега немавме среќа во европските натпреварувања. Треба да имаме добар натпревар, го цитира Пиоли официјалниот сајт на УЕФА.

Миланезите со еден бод се на последното место во групата Б, Атлетико со четири бода е на третото место. На првото место е Ливерпул со 15 бодови, втор е Порто со пет бода.

Во А групата пред вечерашната мега пресмета меѓу Манчестер сити и францускиот ПСЖ, лидерската позиција му припаѓа на англискиот шампион со еден бод повеќе. И третопласираните Бриж кој има четири бода се надева дека ќе се вмеша во трката која треба да има расплет во последното коло, а не се откажува ниту Лајпциг кој сака да ја спаси сезоната со настапи во ЛЕ.

Во Ц групата Ајакс е сигурен, но Спортинг и Борусија Дортмунд  вечерва во меѓусена пресметка во Лисабон ќе одлучат кој ќе исчекори кон осминафиналето.

Во Д групата најтроефејниот тим во европски шампионски титули Реал Мадрид по лошиот старт го презеде врвот, па вечерва ќе оди во Молдавија да му се реваншира на Шериф за изненадувањето кои им го приреди во второто коло. Молдавскиот првак кој е најпријатното изненадување досега ако има сили за нови потфати може да остане во трка за европска пролет во елитното натпреаврување,.

Двојки за денеска од 5. коло во ЛШ: Бешикташ – Ајакс (18.45 ч.), Интер – Шахтјор (18.45 ч.), Клуб Бриќ – Лајпциг (21 ч.),  Манчестер сити – ПСЖ, Атлетико Мадрид – Милан (21 ч.), Ливерпул – Порто (21 ч.), Спортинг Лисабон – Борусија Дортмунд (21 ч.), Шериф – Реал Мадрид (21 ч.)

Треба да знаете
Последни објави