Search

Пиоли: Златан се лути затоа што можеше да одигра подобро

Тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан, Стефано Пиоли, има разбирање за нервозата која ја манифестираше  искусниот гол-мајстор Златан Ибрахимовиќ на натпреварот со Торино. Милан победи со 1:0, при тоа пропуштајќи неколку шанси натпреварот да го реши многу порано пред последниот свиреж на судијата.

-Мислам дека игравме добро, иако малку ризично. Ибрахимовиќ се лути затоа што можеше да игра подобро и исходот од натпреварот да се одлучи порано. Ние сме амбициозни и тоа е природно.  Денешната победа ќе биде безвредна ако не успееме во следниот натпревар. Има уште 14 натпревари, а веќе размислувам за мечот со Фиорентина. Треба да победиме што е можно повеќе натпревари. Имаме уште многу работа. Ајде да видиме што се случува на крајот на сезоната, изјави Пиоли.

Милан по 24.коло има 35 бода и е во група со Верона и Парма на делба на шестата позиција на табелата во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави