Search

Пиоли за поразот од Наполи: Бевме непобедливи до овој натпревар и огромна штета е што загубивме

Дербито од 7. коло на Серија А се одигра меѓу Милан и Наполи под трибините на славниот Сан Сиро, каде гостинскиот тим стави крај на одличната серија на Росонерите од 22 натпревари без првенствен пораз.

Наполи, кој со одличен резултат ја започна новата сезона, го победи тимот на Стефано Пиоли со 2:1 и остана на врвот на табелата,  а Милан ја погоди пречката на пет минути пред крајот и пропушти да се спаси од пораз.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е разочаран по поразот од Наполи

-Не сум задоволен, а не треба да бидат ниту моите играчи. Кога играте ваков натпревар, не можете да изгубите, а токму тоа ни се случи. Дадовме само еден гол, а тоа е навистина премалку ако се земе предвид бројот на шанси што ги создадовме. Многу сум разочаран, но така е, морам да учиме од овој пораз, одигравме добро. Загубивме затоа што во два наврати не дадовме се од себе, не бевме на потребното ниво. И игравме подобро од Наполи. Бевме непобедливи до овој натпревар, и огромна штета е што загубивме по толку добар настап, не можеше да се помири со поразот.

Милан го претрпе првиот пораз сезонава и падна на петтото место со 14 бода. Наполи е прв во Серија А со 17 бодови, пред Аталанта која има исто така 17 бода. 

Треба да знаете
Последни објави