Search

Пилот доби доживотна забрана за летање бидејќи во кабината дозволил да седи патник

Кинески пилот останал без лиценцата за летање откако на социјаните мрежи се појавила фотографија на една патничка од авионот сликана во пилотската кабина. Малку е зачудувачки оваа одлука  бидејќи сликата е направена во јануари годинава за време на летот на Ер Гулин, а почна да се врти на социјалната мрежа изминатава недела.

Поради прекршување на безбедносните правила, но и нарушување на угледот на авиокомпанијата пилотот останалдоживотно без дозволата за летање. Фотографијата која му предизвика проблеми на пилотот е направена на 4 јануари на летот ГТ1011 според пишувањето на „Глобал Тајмс“. На фотографијата патничката со двата прсти позира во облик на буквата „В“. На сликата направена во пилотската кабина пред патничаката има пијалоци за што таа напишала: „Му благодарам на пилотот. Многу сум среќна“.

ЕР Гулин не прецизираше кога е направена фотографијата, па можно е таа да била сликана и во текот на летово. Кинеските пилоти кои ја анализирале фотографијата тврдат дека е направена летово. Неименуван пилот поради една фотографија повеќе никогаш нема да може да лета, но засега неизвесно е дали ќе му биде понудено друго работно место во компанијата.

Од авиокомпанијата изјавиле дека пилотот ги прекршил безбедносните правила дозволувајќи во кабината да влезе лице кое не е дел од посадата на авионот. Останатиот дел од авионскиот персонал кој не реагирал за да не дојде до ова прекршување на безбедносните правила засега е под суспензија и не се знае кога ќе биде вратен на работа.

Треба да знаете
Последни објави