Search

Пилотите на Мерцедес најбрзи во квалификациите за француското Гран-при

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас беа најбрзии на денешните квалификации за трката во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Франција.

Хамилтон стигна до 86. пол-позиција во неговата кариера, а третата оваа сезона.

Пласман на првите десет:

  1. Луис Хамилтон (Мерцедес) – 1.28.319 минута
    2. Валтери Ботас (Мерцедес) – 1.28.605
    3. Чарлс Леклер (Ферари) – 1.28.965
    4. Макс Верстапен (Ред Бул) – 1.29.409
    5. Ландо Норис (Мекларен) – 1.29.418
    6. Карлос Саинц (Мекларен) – 1.29.522
    7. Себастијан Фетел (Ферари) – 1.29.799
    8. Даниел Ричиардо (Рено) – 1.29.918
    9. Пјер Гашли (Ред Бул) – 1.30.184
    10. Антонио Џовиници (Алфа Ромео) – 1.33.420

Главната трка за Големата награда на Франција ќе се вози утре на патеката „Пол Рикар” со почеток во 15:10 часот.

Треба да знаете
Последни објави