Search

Пикси не размислува да си поднесе оставка

Драган Стојковиќ – Пикси не планира да се повлече од позицијата селектор на фудбалската репрезентација на Србија и покрај лошиот резултат на Мундијалот во Катар. Србија освои само еден бод на Светското првенство (СП) и како последнопласирана заврши во својата група, иако вечерва имаше шанси  да се пласира и во осминафинале, но сепак загуби од Швајцарија (2:3).

-Сакам да ѝ честитам на Швајцарија. Не сме задоволни од резултатот. Имавме проблеми од самото доаѓање. Фудбалерите се бореа, но не беше доволно. Што се однесува до мојот статус, останувам селектор. Во март ќе ги продолжиме квалификациите за Европското првенство и сакам да се најдеме на оваа завршница по 24 годишна пауза – кажа Пикси по мечот ос Швајцарија.

Треба да знаете
Последни објави