Search

„Пикок“ го презеде документарецот на Бред Пит

Стрим-платформата „Пикок“ го откупи документарниот филм „Граѓанска војна“ во продукција на Бред Пит.

„Граѓанска војна“ со оригинален наслов Civil War (Or, Who Do We Think We Are) ќе биде премиерно прикажан на стриминг-сервисот NBCUniversal на 17 јуни, само неколку дена пред празникот што го одбележува укинувањето на ропството.

Филмот во кој Бред Пит и Хенри Луис Гејтс Џуниор се извршни продуценти, потоа ќе биде објавен на MSNBC во октомври и ќе биде достапен во ограничено киноиздание почнувајќи од 11 јуни.

„Филмот во режија на Рејчел Бојтон патува низ САД за да истражи како Американците ја раскажуваат приказната за својата граѓанска војна“, наведено е во описот на филмот.

„Снимен од последната година на претседателскиот мандат на Обама до сегашноста, документарецот преплетува проникливи сцени и интервјуа снимени на Северот и Југот, отсликувајќи уникатно изработен портрет на американската психа и длабоките корени на нејзините турбулентни времиња.“

Треба да знаете
Последни објави