Search

Пике ја остави Барселона во трката за нокаут-фазата од ЛШ

После одиграни 216 минути во оваа сезона од фудбалската Лига на шампионите, шпанска Барселона успеа да постигне гол и да остане во трка за нокаут-фазата. Искусниот бранител Жерар Пике, беше стрелец на победничкиот погодок со кој Барселона го совлада Динамо Киев (1:0) на „Камп Ноу“. Ред Бул Салцбург со победата со 3-1 против Волфсбург направи прв голем исчекор кон пласман во осминафиналето.

Барселона во првите два натпреаври од групата имаа два порази, па победата против украинскиот Динамо им беше императив. Целта е постигната со погодокот на Пике во 36 минута. Оваа победа за Барса е исклучително важна и поради самодовербата, зашто поранешниот шпански и европски првак викендов го очекува „ел класико“ против својот најлут ривал Реал Мадрид во Ла Лига.

Ред Бул Салцбург го победи Волфсбург со 3-1 за втора победа по три меча и со седум бода сега австрискиот гигант направи голем чекор кон следната фаза, во групата Г.

 

Треба да знаете
Последни објави