Search

Пие чај од 1.800 евра, а на едно попладне троши 37.000 фунти – Вака живее сопругата на Ердоган

Пие чај од 1.800 евра, а на едно попладне троши 37.000 фунти – Вака живее сопругата на Ердоган

Покрај бројните докази за нејзината распуштеност, Емина Ердоган тврди дека е скромна и штедлива жена.  Иако бројни фотографии го демантираат тоа, сопругата на турскиот претседател тврди дека живее скромне живот во склад со строгите муслимански  вредности.

Но, Емина Ердоган опсесивно троши пари. Сака да купува дизајнерски парчиња облека, антиквитети, скапи чевли. Додека нејзиниот сопруг води разговори околу мигранската криза, поради неа се затвараат скапоцени шопинг центри за да може првата дама на Турција да си купува на мира.

Го нарави тоа во Брисел. Купувала пет часа, а дури на еден час и го запре сообраќајот. Во Варшава на саемот за антиквитети за едно попладне потрошила 37.000 фунти. Во Грција  била нешто скромна, купила само седум пара чевли и платила за нив со попуст од 15 отсто, 850 евра. Дури во една прилика во Хрватска се „ опуштила“ купила 30 јајца, 30 килограми пилешко месо, сирење и многу овошје и зеленчук.

Турските власти, нормално дека се обидуваат да го „ испеглаат“ нејзиниот имиџ па во весниците ја прикажуваат како штедлива домаќинка. Таа ги чува корите од јаболката и лимонот за да направи оцет од нив, а не ги фрла ни семките од маслинките и урмите.

Во истот списание заборавиле да напишат дека штедливата Емина и нејзиниот сопруг во својата палата од 600 милиони евра и 1.000 соби си пијат чај од 1.800 евра. Пијат од златни шољи кои  чинат 300 евра. Ѕидовите од палатата ги краста свилени тапети кои чинат околу 2.800 евра од ролна, а околу 400 соби имаат дводелни врати кои чинат по 42.000 евра. Годишно за струја плаќаат 5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави