Search

Пивоваров: Грујевски како мој студент ми призна дека ме прислушкуваат

Поранешниот прв човек на военото разузнавање, Владимир Пивоваров, на денешното рочиште во Таргет-Тврдина рече дека неговиот број бил цел на прислушувањето во период кога бил професор на два приватни универзитети. Во тој период, Пивоваров рече дека поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, му бил и студент на постдипломски студии, кој му признал дека се следи неговиот телефон.

-За прислушувањето разговарав со мојот тогашен студент Горан Грујевски. Го прашав отворено во мојот кабинет кои се причините зошто го следат мојот мобилен телефон, на што ми одговори дека таа наредба е од повисоко. Го прашав дали додека јас ти бев шеф во военото разузнавање, ти побарав да следиш какви било комуникации без наредба, а тој ми рече: „Јас сум благодарен што било така, но сега се изменија времињата, сведочеше Пивоваров.

Тој рече дека отштета не барам од Буџетот на државата, туку од извршителите на ова кривично дело.

Тој е еден од десетината сведоци што денеска се одзваа на поканата на обвинителството да сведочат како оштетени.

Меѓу сведочењата што се слушнаа денеска беа и оние на директорот на Комерцијална банка, Хари Костов и ексразузнавачот Слободан Богоевски.

Треба да знаете
Последни објави