Search

Пивара Скопје освои највисоки награди од Министерството за економија за проектите за едукација на младите и за етичко управување

Пивара Скопје освои значајни награди за најдобри општествено одговорни практики што ги доделуваат Министерството за економија и Националното координативно тело за општествена одговорност. Во категоријата „Вложување во заедницата“ Пивара Скопје ја освои највисоката награда – Статуетка за најдобра општествено одговорна практика за 2019-та година, за реализација на долгорочниот проект за бесплатни обуки за млади „Вештини за успех“, додека во категоријата „Етичко управување“ за проектот „Обуки за вработените за етичко управување“, компанијата е наградена со Плакета. Компанијата доби признание и за третиот проект со кој аплицираше за годинешните награди за најдобри општествено одговорни практики, и тоа за реализацијата на проектот за унапредување на благостојбата на вработените во рамки на Програмата за обликување на компаниската култура на Пивара Скопје.

„Исклучително сме среќни и горди на овие значајни награди што ги доживуваме како верификација на постојаните, долгорочни вложувања и напори на нашата компанија и на сите нејзини вработени, во остварување на целите за одржлив развој и за просперитетот на заедницата на која и припаѓаме. Сите наши општествено одговорни активности и платформи се спроведуваат континуирано во текот на целокупното  работење на Пивара Скопје и тоа во многу различни области, како што се: едукацијата и развојот на младите, обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, унапредување на здравјето и безбедноста, на умерената и одговорна консумација, афирмирањето на полова рамноправност, промоцијата на етичките стандарди во бизнисот и други области кои имаат навистина големо значење за општествениот развој и квалитетот на животот на целата заедница“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, заблагодарувајќи се за наградите.

Во изминатите четири години од реализацијата на Проектот за бесплатни обуки за  млади „Вештини за успех“, за кој Пивара Скопје ја доби Статуетката за најдобра општествено одговорна практика, над 2800 млади лица од земјава имаа можност да ги унапредат своите вештини и знаења што ќе им овозможат полесно вработување или отпочнување сопствен бизнис. Како еден од показателите за успехот во реализацијата на овие обуки говори и податокот дека 36% од учесниците во обуките успеале да најдат работа во текот на првата година откако ја посетиле обуката.

„Резултатите и вложувањата што ги правиме во голем број области каде што делуваме не би биле возможни без огромната поддршка и лидерството од групациите Coca-Cola HBC и HEINEKEN каде припаѓа нашата компанија, како и соработката и пaртнерскиот однос на голем број институции, граѓански организации и соработници, а посебно на вработените и членовите на менџерскиот тим на Пивара Скопје кои секогаш се подготвени на волонтерска основа да се вклучат и да го дадат својот личен придонес во креирањето и реализацијата на активностите“, потенцираше Патче.

Општествената одговорност и одржливиот развој се интегриран дел од целокупното работење на Пивара Скопје. Заложбите на компанијата и нејзиниот пристап кон купувачите, потрошувачите, вработените, добавувачите, заедницата и останатите засегнати страни, се јасно дефинирани и опишани во сите стратешки документи и компаниски политики. За  исполнување на целите за одржлив развој, компанијата утврдува свои индикатори и таргети, кои се во корелација со целите на корпорациите Coca-Cola HBC и HEINEKEN, како и со глобалните цели за одржливост на Обединетите Нации.

Треба да знаете
Последни објави