Search

„Пејзажи на совеста” во Музејот на современа уметност

Музејот на современата уметност вечер од 20 часот ќе ја отвори изложбата „Пејзажи на совеста” која ги истражува врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување. Ќе  бидат изложени 11 фотографии и осум видеоинсталации, како и четири филмски уметнички дела кои ќе бидат прикажани од утре до 10 декември од 18 часот.

„Пејзажи на совеста” ќе  претстави дела на 12 уметници: Мила Паниќ, Карлос Касас, Урсула Биман, Арјуна Нојман и Дениз Фереира да Силва, Јунес Бен Слимане, Патрик Содерлунд, Ругил Барзџукаите, Хироацо Сузуки и Росана Торес, Тамер Хасан и Арманд Јервант Туфенкиан. Ќе понуди и разговори со двајца од авторите: Мила Паниќ (БиХ / Германија) и Карлос Касас (Шпанија).

Изложбата е дел од програмата на филм и видео на МСУ и се реализира во соработка со фестивалот „Право људски Филм” од Сараево. Кураторкa на изложбата e Кумјана Новакова, во соработка со Диого Переира.

-„Пејзажи на совеста” во фокусот ја става потребата за поголема политичка, сеизмичка промена, гледајќи го светот како вмрежан екосистем составен од различнo-конфигурирани, историско-динамични контакт зони наместо како збир од различни, одвоени екосистеми, соопшти МСУ. Изложбата ќе може да се посети до 10 декември.

Треба да знаете
Последни објави