Search

Пејачката му ги искрши автомобилите на бившиот и порача: ВАКА ЗАВРШУВА Е*АЧ НА БАТЕРИИ!

Српската пејачка Љупка Стевиќ (35) доцна синоќа среде Белград му ги уништила двата автомобила на полицискиот полковник Драгиша Симиќ, инаку нејзин долгогодишен партнер. Во видеото кое се појави по српските медиуми се гледа како таа го уништува прво едниот, па потоа и другиот паркиран автомобил. Стевиќ со тврд предмет прво го уништила возилото ауди А6, а потоа бесот го истурила и врз тојата ленд крузер.

По инцидентот таа завршила во болница со рака во гипс, и порачала – „Ова е само почеток!“

Интересно е дека и самата објавила снимки од оштетените возила, заедно со порака: – Вака завршува е*ач на батерии! Девојки бирајте кому му давате 10 години од својот живот.

Причина за инцидентот наводно било тоа што Симиќ бил оженет и не само што ја лажел дека ќе се разведе и ќе се ожени со неа, туку и неа и сопругата ги изневерувал со уште две други девојки.

Треба да знаете
Последни објави