Search

Пеѓа Грбин и Жељко Колар влегоа во вториот круг од изборите за претседател на хрватските социјалдемократи

Пеѓа Грбин и Жeљко Колар се пласираа во вториот, финален круг од внатрепартиските избори за претседател на најголемата хрватска опозициска партија, Социјалдемократската партија, покажаа официјалните и конечни резултати од изборите во саботата.

За Грбин гласаа 3.573 партиски членови, а за Колар 2.212 гласачи, изброа партиската Изборна комисија.

Меѓутоа, заради неправилности што можат значително да влијаат врз изборниот резултат, во сабота ќе има повторување на изборите за Претседателството и Главниот одбор на партијата во Грачац, Гарчин и Вуковар, кога ќе се одржи вториот круг од изборите за претседател на партијата.

Членовите со право на глас согласно Статутот на СДП за првпат бираат претседател на партијата, 17 членови на Претседателството и 103 членови на Главниот одбор врз основа на правилото еден член еден глас.

Трет на саботните избори беше Ранко Остојиќ со 1.511 гласови, по кого следеа Мирела Ахметовиќ со 1.286 и Марино Перџан.

Треба да знаете
Последни објави