Search

Пешевски: Мотивирани сме, желни за борба

Жарко Пешевски е еден од нашите ракометари кои најдоцна се приклучија на подготовките за ова Европско првенство. Сепак, нашиот пикер смета дека Македонија е подготвена да влезе во „костец“ со секој ривал на ова ЕП.

„За нас секој натпревар почнувајќи од лсовенија е важен. Одиме чекор по чекор, имаме наш систем, негуваме наша игра и ќе се држиме до планот. Јас сум еден од тие кои последни се приклучија во селекцијата. Најдов мотивирана екипа, желна за борба и мислам дека живееме за тој прв меч на ова ЕП. Со надеж и со срце да се покажеме во што подобро светло и да одиме на позитивни резултати против секој противник“, вели нашиот кружен напаѓач.

Треба да знаете
Последни објави