Search

Пешевски: Голманите ќе имаат главна улога на дуелот со Чешка

 

Македонските ракометни репрезентативеци се свесни што ги очекува на денешниот втор настап во групата Б од Европското првенство, каде во Виена за портивник ќе ја имаа добро позната селекција на Чешка. Мечот кој на Македонија може да и донесе пласман во главната фаза, а на Чешка крај на континенталниот собир по првата фаза ќе се игра со голем психолошки притисок од двете старни.
Десниот бек во македонската репрезентација Мартин Велковски кој ја чека трпеливо својата шанса во пресрет на овој натпреавр порача дека „црвено-жолитите“ мора повеќе да ризикуваат, да ја преземаат одговорноста во играта, за да бидат поопасни за противникот.
– Добро се познаваме со Чешка, нема тајни и верувам дека можеме да играме против нив, изјави бекот на Еурофарм Пелистер.
Пикерот Жарко Пешевски пак очекува дуелот со Чешка да мине во машка, груба игра и да бидат постигнати малку голови.
– Голманите ќе ја имаат клучна улога на овој меч. Често играме против Чешка и добро се познаваме. Сигурен сум дека ќе треба подобро да подиграме отколку на натпреварот со Украина, за да ги победиме, изјави Пешевски.

Треба да знаете
Последни објави