Search

Пешак тешко повреден во Тафталиџе

Пешак бил тешко повреден откако бил удрен со автомобил, вчера во скопската населба Тафталиџе.

Според полицијата, сообраќајката се случила вчера во 7.45 часот на улицата Варшавска. Автомобил  „лада“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Ѓ.(48) од селото Волково, удрил во пешакот Б.И.(48) од Скопје.

Пешакот се здобил со тешки повреди и му била укажана помош во Клиничката болница „Систина“.

На местото на настанот извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави