Search

Пешак тешкоповреден во сообраќајка

Пешак бил тешкоповреден во сообраќајна несреќа што вчера на пладне се случила во Кавадарци. Според полицијата, сообраајната несреќа се случила околу 12.30 часот на улицата Бел Камен, во Кавадарци.

Автомобил „фолсваген бора“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.М.(35) од Кавадарци, удрил во пешакот М.З.(36) од Кавадарци.

По сообраќајката M.З бил пренесен во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од ПС Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави