Search

Пешак од Бугарија прегазен во Кадино

Пешак од Бугарија бил тешко повреден откако бил прегазен од автомобил, вчера во скопското село Кадино.

Според полицијата, вчера во 16.20 часот автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(43) од селото Кадино, удрил во пешакот Г.Г.Д.(60) од Република Бугарија.

Од ударот Г.Г.Д. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави