Search

Печат на првото коло ставаат ПСЖ и Реал Мадрид

Денеска со осумте средби од групите од А до Д ќе биде комплетирано првото коло во новата сезона од групната фаза на фудбалската Лига на шампионите. Водедните два натпреаври  (19 часот) ќе ги одиграат Бриж – Галатасарај, односно Олимпијакос – Тотенхем, додека преостанатите шест средби се во редовниот вечерен термин од 21 часот.

Печат на првата рунда од групната фаза треба да стават богатите тимови на ПСЖ и Реал Мадрид. Со изменети состави, но со исти амбиции францускиот првак и најтрофејниот европски тим со освоени титули во елитното натпреварување, влегуваат во новата авантура. „Светците“ на стартот од меѓународната сезона ќе го немаат во тимот бразилскиот ас Нејмар, кој летово се поврзуваше и со преселба и во редовите на „кралевите“. Нејмар ќе одработува казна за исклучување од минатата сезона, кој УЕФА в очи на стартот на групната фазаа му е намали на два меча.

За нашите простори внимание ќе предизвикаат и настапите на српскиот и хрватскиот шампион Црвен звезда, односно Динамо Загреб.  Белградскиот тим втора година по ред стигнува до групната фаза. Сезонава е единствениот тим меѓу 32 тима кои се најдоа во групната фаза кој стигна почнувајќи од првото квалифиакциско коло. Црвена звезда ќе гостува кај седумкратниот едноподруго германски шампион Баерн Минхен. Во минатото „црвено-белите“ знаеле да им ги расипат есапите на Баварците кои вечерва важат за исклучителни фаворити не само за исходот на дуелот со српскиот рпвак, туку и воопшто за натпреварувањето каде ги вбројуваат меѓу кандидатите за освојуавње на трофејот со „големите уши“. Црвена звезда нема триумф на девет едноподруго европски гостувања.

Во Загреб Динамо против италјанскиот калчолигаш Аталанат е со многу поголеми шанси да им приреди мигови за големо задоволство на своите навивачи кои по подолг период ќе ги исполната трибините на „Мкасимир“.

ГРУПА А: Бриж – Галатасарај (18.55), ПСЖ – Реал Мадрид (21)

ГРУПА Б: Олимпијакос – Тотенхем (18.55), Баерн Минхен – Црвена звезда (21)

ГРУПА Ц: Шахтер – Манчестер сити, Динамо Загреб – Аталанта (двете од 21 часот)

ГРУПА Д: Атлетико Мадрид – Јувентус, Баер Леверкузен – Локомотив Москва (21 часот)

Треба да знаете
Последни објави