Search

Пецас: Отворање и затворање на поглавјата само ако се задоволени грчките интереси, но се надеваме дека преговорите ќе течат непречено

Поглавјата за Северна Македонија ќе се отвораат и ќе се затвараат само кога ќе бидат задоволени интересите на Грција и ако треба ќе стави и вето, но се надеваме дека ќе може, секое поглавје на предпристапните преговори непречено да оди напред, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен телеконференциски брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на зеленото светло од ЕУ Северна Македонија и Албанија и нашето членство во НАТО и колку е тоа важно за Грција.

-Грција секогаш ја поддржуваше европската перспектива на сите држави од Западен Балкан и затоа, за ова, ги рашири сите нејзини дипломатски активности. Преку интегративниот процес на овие земји и конкретно за Северна Македонија, за прашањето на новинарката, Грција ќе изврши притисок со сите средства што ги има за да се задоволат нашите национални интереси и како што имаме кажано, сите поглавја ќе се отвораат и ќе се затвараат само кога ќе бидат задоволени интересите на Грција и ако треба ќе стави и вето, ако биде потребно, но се надеваме дека ќе може, секое поглавје на предпристапните преговори, непречено да оди напред, рече Пецас.

Треба да знаете
Последни објави