Search

Пецас: Изборот на Схинас за потпретседател на ЕК е национален успех од огромно значење

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите го коментираше изборот на Маргаритис Схинас за потпретседател на Европската комисија, велејќи дека е важен национален успех, но значи и израз на доверба кон Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Оваа одлука претставува национален успех од огромно значење, бидејќи е глас на доверба кон нашата татковина. Покажува дека земјата се надградува на европската сцена и менува брзина во рамки на Унијата. Го означува закрепнување на довербата на нашите партнери кон Грција и практично препознавање на можностите на претставникот за важни портфолија. Бидејќи, како што истакна и премиерот, заштитата на границите, колективната безбедност и можностите за мобилизација во вработувањата, образованието и културата, што му се доделени на Мархаритис Схинас се централните предизвици, како за нашата татковина, така и за Европската унија, рече Пецас.

Треба да знаете
Последни објави