Search

Пецас: Во континуиран контакт сме со надлежните власти од земјите од Балканот

За жал трендот на нови случаи во регионот е нагорен, во континуиран контакт сме со надлежните васти од балкански земји за да им пренесеме техничко знаење и да размениме мислења, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на евентуалната можност за отворање на копнените граници за државјаните од соседните земји на Грција по 15 јули.

– Секојдневно, одблизу, го следиме развојот на позтивни случаи во сите балкански земји. За жал, трендот е нагорен и тоа нагло нагорен. Нешто што нѐ доведе до тоа да бидеме претпазливи. Во континуиран контакт сме со надлежните органи од другите балкански земји за да им пренесеме техничко знаење и да размениме мислења, објасни портпаролот на грчката Влада.

Тој нагласи дека на почетокот одлуката на грчката Влада за влез на туристи да биде отворен само граничниот премин Промахонас (Кулата) наишла на критики, но дека сега со големиот број регистрирани позитивни случаи кај туристи е јасно дека „поинаква одлука би создала многу поголеми проблеми за Грција”.

Во периодот од 1 до 6 јули, биле направени 31.169 тестови на посетители на Грција, а како што објасни Пецас, позитивни биле само 0,3 отсто од нив, односно 100 туристи.

Тој исткна дека „увезените случаи претставуваат опасност, но не се главната опасност”.

– Главната опасност е во внатрешноста и произлегува од опуштеноста. Опуштеноста се гледа. Кристално јасна е околу нас во сите апекти на економската и општествената активност и во наши раце е да ја запреме, истакна Пецас.

Портпаролот на грчката Влада на денешниот редовен брифинг со ноинарите неколку пат се осврна и повтори дека во внатрешноста на земјатав постои опуштеност и објасни дека државниот механизам е подготвен да ги интензивира контролите за почитување на мерките, додавајќи дека казните за прекршувачите се строги.

Треба да знаете
Последни објави