Search

Пецаков: Без ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе носеа маски на отворено и кога се сами

Пратеникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ на обраќање на собраниската седница на која се гласаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести објасни дека во процедурата прво, се покажала некоординираност меѓу институциите, и второ, дека благодарение на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните нема да носат маска на отворено, кога се сами во автомобил или со членови на семејството, кога спортуваат и слично.

„Минатата недела ни пристигнаа измените на Законот. На денот кога пристигнаа ние имавме суштински забелешки и побаравме два дена за да ги усогласиме забелешките, министерот Филипче не ја прифати средбата со пратениците од Комисијата за здравство и ВМРО-ДПМНЕ беше претставен како кочничар“, рече пратеникот.

Пецаков објасни дека во првичниот текст доставен до Собранието ги немало измените за кои говореше министерот за здравство Венко Филипче како носење маски на отворено, ограничување на семејни собири, а истите биле предложени дополнително како амандмани од пратениците од мнозинството. Ова рече, Пецаков, говори за некоординираност на институциите.

Пратеникот Пецаков укажа дека благодарени на ВМРО-ДПМНЕ  од Законот се избриша мерката за забрана на групирање во домовите или како што рече, „во суштина она што Спасовски го најави дека ќе се прави упад во домовите, не е ставено во законското решение“. Ова, додаде тој, следи по нашето укажење за повреда на домот и приватноста предвидени во Уставот. Пецаков објасни дека без интервенција на ВМРО-ДПМНЕ полицијата неконтролирано ќе влегувала по домовите и по анонимни најави, дека без интервенција на опозицијата децата под 6 години ќе носеа маски на отворено, спортистите кога се сами и спортуваат, граѓаните ќе носеа маски во приватни автомобили кога се сами и слично.

 

Грижата заштита на населението ја докажуваме и со нашиот предлог за државна комисија во чиј состав ќе има експерти, а не политички подобни лица.

„Сега имаме два предизвици, едниот е со имунизација на населението за грипот кој е пред нас,  тендерот  пропаднал и дополнително ќе се пролонгира сиот процес во вака чувствителен период и втората работа е опременоста на медицинскиот персонал кој треба да се бори непосредено со короната“, рече Пецаков.

Пратеникот Пецаков апелираше на почитување на мерките носење маска, држење дистанца и одржување хигиена.

 

Треба да знаете
Последни објави