Search

Пецаковски по четврти пат ќе го облече дресот на Металург

Дејан Пецаковски во новата сезона повторно ќе ги брани боите на Металург. Договорена е соработка во траење од една година.

Иако потекнува од школата на Пелистер, левиот бек по четврти пат ќе го носи дресот на Металург, откако претходно во клубот од Автокоманда настапувал во сезоните 2005-06, 2007-08 и 2013-14.

Освен за Металург, Пецаковски настапувал и за Пелистер, Вардар ПРО, Зомимак М, Клуб Африкан и за Еурофарм Работник.

Пецаковски е седмото засилување на Металург за претстојната сезона, откако претходно за тимот потпишаа и Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ, Равез Чантурија, Маријан Мариќ, Иракли Кбилашвили и Даниел Ѓоргески.

Треба да знаете
Последни објави