Search

Пет послушни раси на кучиња кои најлесно се дресираат

Многу раси на кучиња лесно ќе станат лојални членови на семејството и најблиски придружници. Сепак, дури и на најискусниот сопственик му е тешко да ги научи некои од најтврдоглавите кучиња да ги следат основните наредби.

Без разлика дали сте сопственик на куче за првпат или сте пораснале со домашни миленици, знаењето која раса на кучиња е најлесно да се обучи може да ви помогне ако не сакате да одвоите часови и часови од вашето време за да го едуцирате вашиот четириножен пријател.

Не само што дресурата на вашето куче ќе ви го олесни животот (помалку незгоди, без џвакан мебел и минимално гласно лаење), туку исто така ќе му помогне на вашиот миленик да ги разбере границите во вашиот дом. Ниту едно куче нема да го цени викањето по него за некоја незгода – освен ако не е научено каде треба да уринира.

Без разлика дали го учите вашето куче на основните заповеди или сакате да одгледате куче за изложба, обуката може да стане важен дел за поврзување со домашното милениче.

Ова се пет раси кои најлесно се дресираат:

Германски овчар
Ако имате простор за сместување на оваа лојална раса, германските овчари се едни од најпослушните и најработливите раси, па затоа се одлични кучиња за сопствениците кои бараат што е можно помалку пречки кога станува збор за тренинг. Тие се омилени во полицијата и армијата, бидејќи gерманскиот овчар е познат по тоа што може брзо да научи нови работи.

Златен ретривер
Обожувани од љубителите на кучиња низ целиот свет, златните ретривери се многу мили и интелигентни кучиња кои можат да се прилагодат во секакво домаќинство. И покрај нивната големина, добро обучените златни ретривери се пристапни, нежни и среќни. Тие сакаат да учат, што ги прави лесни за обука и затоа се одличен избор за секој сопственик, дури и за целосно неискусен.

Пудлица
Постои причина зошто стандардните, минијатурни и разиграни пудли често го преземаат водството на изложбите на кучиња. Не само што изгледаат прекрасно, туку и здравата мешавина на послушност, интелигенција и разиграност ги прави идеални за тренинг. Ова се кучиња кои лесно можат да се сетат на наредбите и да ги следат истите.

 

Џуџест континентален шпаниел (папилон)
Малите кучиња имаат репутација на тврдоглави, но не и папилонот. Она што им недостасува во големината го надополнуваат со интелигенција, и можат ад се пофалат со импресивна способност да ги разберат командите.

Граничарски шкотски овчар (border Colie)
Ако сте загрижени за обука на вашето куче, „бордер коли“ многу брзо ќе ве смири. Овие кучиња се мирни во криза, независни, но лојални и сметаат дека целото семејство е достојно за заштита. Кога не се издресирани, овие палави кучиња можат да бидат деструктивни и тврдоглави, но нивната интелигенција им овозможува брзо да учат и да ги слушаат наредбите.

Треба да знаете
Последни објави