Search

Пет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Еден пешак е потешко повреден, а четворица полесно во четири сообраќајни незгоди што се случиле во Скопје во изминатите 24 часа.

Според билтенот на СВР Скопје, вкупниот број на сообраќајки регистрирани изминатото деноноќие е осум, а во четири од нив е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај тројца возачи кои биле под дејство на алкохол, четвроица кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и еден возач почетник. Од сообраќај се исклучени и шест нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Изминатото деноноќие се евидентирани и 37 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, шест возачи кои не носеле сигурносен појас и осум возачи кои зборувале на мобилен телефон.

За непрописно паркирање се издадени 99 казни, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 80 возила.

Треба да знаете
Последни објави