Search

Пет играчи го испратија Суарез на завршната прес-конференција во Барселона (ФОТО)

Луис Суарез ја заврши својата приказна со Барселона, тим на кој верно му служеше изминативе шест години, период во кој ги освои сите можни титули.

Тој како трет најдобар стрелец си заминува од каталонскиот гигант каде денеска ја одржа последната прес-конференција која беше емотивна и на која паднаа солзи со што Уругваецот само потврди колку му значи овој клуб.

На оваа завршна средба освен новинарите и управата на Барселона присуствуваа и пет играчи од екипата. Тоа беа четворицата капитени Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жерард Пике, Серхи Роберто како и Жорди Алба.

Со овие играчи Ел Пистолеро заедно доби многу натпревари, освои многу титули, но и сите тие се негови добри пријатели, па и затоа едноставно беше важно тие да присуствуваат на ова збогување на напаѓачот со клубот од „Камп Ноу“.

Треба да знаете
Последни објави