Search

Пет жени планираа напад со автомобил кај Нотр Дам, но употребија погрешно гориво

Во Париз денеска почна судење на пет жени, кои во 2016 година се обидоа да извршат напад со автомобил во близина на катедралата Нотр Дам, објави „Гардијан“.

Инес Мадани и Орнелија Гилигман го паркирале својот автомобил, без регистарски ознаки, на улица во центарот на Париз, која е сместена пред ресторан во близина на катедралата Нотр Дам. Во возилото имало шест шишиња со гас. Едната жена го потурила возилото со гориво, а потоа фрлила запалена цигара.

Тие избрале дизел-гориво, кое е помалку запаливо од стандардниот бензин, но и покрај нивните настојувања, автомобилот не се запалил по што побегнале. Ако се запалел, ќе предизвикал голема експлозија и пожар.

„Не успеале во тоа зашто избрале погрешно гориво, инаку би се случил масакр“, рекле истражните судии.

Мадани, која тогаш имала 19 години, за нападот го искористила автомобилот на татка си. Неговите адвокати ја опишале како девојка што бара признание и љубов.

И претходно ѝ се судело за терористички активности. Тогаш се дознало дека била во контакт со клучни лица од Исламската држава во Сирија и дека служела како менторка за подведување девојки во францускиот оддел на терористичката организација.

На социјалните мрежи користела машки псевдоним на борец од ИД претставувајќи се како маж за поуспешно да наговори други жени да ѝ се придружат на Исламската држава. Кога со нив разговарала преку телефон, користела уред што го менува гласот и во романтичен стил ги наговарала.

Треба да знаете
Последни објави