Search

Пет деца загинаа во пожар во градинка во Пенсилванија, четири се повредиле скокајќи од прозорците

Пет деца загинаа во пожар во приватна градинка во Пенсилванија, од кои четири се браќа и сестри. Тие биле згрижени во зентарот додека мајка им била на работа. Станува збор за деца на возраст од осум месеци до 8 години.

Четири деца се повредени, додека скокале од прозорците на вториот кат за да се спасат. Повредена е и сопственичката на градинката и соседот кој дошол за да ги спасува децата од пламенот.

Пожарот избувнал во градот Ири во Пенсилванија. Осум лица биле во домот кога пожарот избувнал околу 1:15 часот по полноќ. Пожарот избил на првиот спрат од објектот, па две момчиња на возраст од 12 и 17 години се спасиле скокајќи преку прозорец. Пожарникарите успеале да спасат седум лица.

Шефот на пожарникарската служба истакна дека инспекторите сметаат оти пожарот почнал во дневна соба на првиот спрат и потоа брзо се проширил.

Четири од жртвите се браќа и сестри кои биле згрижени на градинката. Мајката работела ноќна смена, а во пожарот животот го загубило и детето на сопственичката на куќата.

Инспекторите за пожар пронашле само еден детектор за чад во таванот на домот.

„Ако имаше повеќе детектори на чад во куќата, тогаш повеќето, ако не и сите, би преживеале“, велат од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави