Search

Петти мај прогласен за Ден на македонскиот јазик

Владата на денешната седница одлучи 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер.

„Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци Министерството за просвета го озакони, првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик“, велат од Владата.

Треба да знаете
Последни објави