Search

Петта пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија

 Во Собранието на Република Северна Македонија денеска Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) е домаќин на Петтата пленарна сесија со две панел-дискусии на тема: „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи” и „Како да се справиме со климатските промени и социјалните последици во земјоделството, шумарството и животната средина”.

Со пленарната сесија се заокружува петгодишниот циклус од работењето на Националната конвенција, која досега на 44 одржани сесии усвои над 500 препораки и вклучи над 2000 учесници кои ги претставуваа релевантните институции, граѓанските здруженија, бизнис секторот, академската средина, синдикатите и организациите на работодавачи во пет работни групи од поглавјата за правосудство, правда, земјоделство, социјална политика и животна средина.

Како што најавуваат од НКЕУ-МК, на петтата пленарна седница воведни обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Комисијата за европски прашања во Собранието, Арбер Адеми, министерот за правда Никола Тупанчевски, претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николовски,  евроамбасадорот Дејвид Гир, заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД Ерик Мејер и Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка.

Во дебатата ќе бидат вклучени и министри, македонски и словачки експерти за правосудство и за животна средина, универзитетски професори, екологисти, но и претставници од граѓанскиот сектор, релевантни за двете теми.

https://www.sobranie.mk/prenos-od-sednica.nspx

Треба да знаете
Последни објави