Search

Петстотини златни балони за подигање на свесноста за децата со карцином

 ​Петстотини златни балони во чест на децата кои се лекуваат од малигнитети ќе бидат пуштени денеска од плоштадот „Македонија” во Скопје  на настанот „Убаво е да си херој”.
Активноста по повод „Златен септември”, месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети, ја организира Универзитетската клиника за детски болести.
На настанот е најавено присуство на министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката за детски болести Наташа Најдановска Алулоска.
Треба да знаете
Последни објави