Search

Петрушевски: Да му покажеме на Заев дека не може да си поигрува со македонската историја, затоа оставка за Заев!

Пратеникот Бране Петрушевски на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ повика на обединување на сите граѓани проритв штетните политики на Зоран Заев.

„Ве повикувам да се обединиме во овие најтешки моменти. На овие протести на кои се брани македонкиот идентитет, македонската држава. Тука треба да бидеме сите заедно“, рече Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски изрази благодарност до сите кои се приклучуваат на протестите, на останатите политички партии и на сите останати.

„Жално е почитувани пријатели ова што го прави Зоран Заев, ќе ја менувал историјата?! Зарем треба да дозволиме бугарска историја, да не го славиме 11 октомври кога се крена цел народ против фашизмот. Не е доволно само да протестираме, треба да ја шириме идејата и да му покажеме на Заев дека не може да си поигрува со македонската историја, затоа оставка за Заев“, порача Петрушевски.

Треба да знаете
Последни објави