Search

Петровска: Чулев сподели информација што ја добија и структури кои не требаше да бидат информирани

Со предвремено објавување информации за акцијата во Крушопек министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, ја загрози целата меѓународна акција, рече во вечерашното издание на емисијата „360 Степени“ на Алсат, дополнителна заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

„Со издавањето информации однапред и соопштувањето дека станува збор за огромна акција, од страна на министерот Чулев, се информирани и структури кои не треба да бидат информирани во тој момент, дека во нашата земја се одвива акцијата“, вели Петровска, откривајќи дека целата акција била предводена од Обвинителството на Италија.

Треба да знаете
Последни објави