Search

Петровска од трибината во Битола: Наследивме општина со извршно решение за долг од 400 илјади евра и многу проблеми, денес Битола светнува како што и доликува

Јас сум истата Наташа Петровска која заедно со Вас се бореше да го собориме режимот, затоа тргнавме и го одбравме правиот пат, рече градоначалничката на Битола,  Петровска на денешната трибина На прав пат во Битола.

Кога ја преземав општината, наследив извршно решение од 400.000 евра, 12 блокирани училишта и многу проблеми. Денес со домаќинско работење, перспективата на градот е поинаква, тргнавме на прав пат, истакна Петровска.

Се обврзавме да работиме во интерес на граѓаните и секојдневно ги решаваме нивните проблеми и одговараме на нивните потреби. За  само 1 година го направивме полигонот кои тие не го направија 6 години. Вложивме во Лавци со 200 илјади евра и донесовме водовод и канализација, тоа зборува дека сме на прав пат, потенцираше Петровска.

Зад нас е долга листа на остварени ветувања и проекти кои ја враќаат Битола на прав пат.

Овозможивме да започнеме активности Пелистер да биде атрактивен за наш туристички развој.

Изработивме колекторски систем, пречистителната станица е при крај, овие официјални проекти се доказ дека сме на прав пат.

1,3 милиони евра вложивме во капитален проект Стадион, , од полјанка која ни ја оставија, со политиките на СДСМ на прав пат изградивме Стадион.

Пожарната беше приказна за себе, пожарникарите немаа основна опрема за нивните активности. Во 2 години вложивме во средства да можат да функционираат, деновиве го чекаме новото противпожарно возило кое Општина Битола 3 децении го немаше.

Булеварско решение на 1ви Мај, овозможува на крајот на оваа година да го затвориме целиот прстен во Општина Битола, Битола да ни светне онака како што ја доликува.

600 илјади евра вложивме во културните настани и ни процент не заврши во нечиј џеб, како што се случуваше во минатото.

Е почитувани сограѓани и сограѓанки, има разлика тие ја уништуваа Битола, ние го враќаме нашиот град на прав пат, заклучи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, пред огромниот број присутни граѓани.

Треба да знаете
Последни објави