Search

Петровска: Мицкоски не се извини што го спореди Реџепи со Амди Бајрам

Очекував претседателот на опозициската партија, кој упорно тврдеше дека има мнозинство, да му се извини на колегата Кастриот Реџепи поради тоа што го спореди со покојно лице, односно Амди Бајрам, истакна пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска во гостувањето во „Само вистина“. Таа истакна дека не значи дека оној што со вас не се согласува по одредено прашање автоматски е киднапиран. 

-Реџепи рече дека државата треба да продолжи по европскиот пат, а кога веќе смета така тоа не може да се случи во коалиција со пратеници од Левица, која е апсолутно против се што е европско. Левица дури не го прифаќа ни нашето членство во НАТО, рече Петровска.

Коментирајќи го однесувањето на опозицијата, таа оцени дека со овие манири и со оваа структура не би ја чудело ВМРО-ДПМНЕ да го повтори 27 април.

-Зарем треба постојано, секоја година, да имаме предвремени параментарни избори за ВМРО-ДПМНЕ некогаш да дојдат на власт, праша Петровска.

Треба да знаете
Последни објави