Search

Петровска и Велковска добиле поддршка од германските Зелени

Заедно со носителката на советничката листа на Зелен хуман град, Драгана Велковска, кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Ана Петровска, оствари онлајн средба со градоначалникот на вториот дистрикт в оградотДиселдорф, Патрик Шифер, советникот и почесен конзул на Македонија во Северна Рајна Вестфалија, Холгер Арнт и претседателот на Советот на емигрантски организации, ГоцеПеровски, сите од германските Зелени.

-Разговарвме за заедничките заложби и зелени вредности кои ги негуваме и преку кои пробуваме да го подобриме живеењето на граѓаните во нашите градови.

Тие ни ги пренесоа своите искуства за зазеленување на Диселдорф, за напорите кои ги прават то јда им аповеќе вело и пешачк ипатеки и за поголема вклученост на граѓаните во локалните политики, исто така како што и ние имаме намера да направиме во градот Скопје.

Имаме многу што да научиме од германските градови за водење успешни зелени политики.

Пријателските совети се секогаш добредојдени, им благодариме на големата поддршка.

ЗаеднопрекууспешнипримериодевропскитеметрополиќегонаправимеСкопјезелен и хуманград.

Треба да знаете
Последни објави