Search

Петровска: За да се борите против криминалот треба да го осудите криминалот во сопствените редови

ФЕЈСБУК СТАТУС НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА

За да се борите против криминалот треба да го осудите криминалот во сопствените редови. Следниот пат кога ќе застанете пред камера со обвинувања, прво проверете дали ги знаете сите информации или сте наседнале на нечија провокација или непознавање. Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки. Институциите работат и ќе ги испитаат сите наоди, па макар тие биле и паушални обвинувања поттикнати од партиски интереси. За ваша информација, компанијата која ја обвинувате за соучесник во наводен корупциски криминал е германска компанија во која 40% сопственик е државата, СР Германија.

Треба да знаете
Последни објави