Search

Петровска: Заврши времето на партиски штабови во МВР

Претстојните избори се од исклучитено значење за сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска или етничка припадност, период кој носи дополнителна одговорност врз сите членови на извршната власт своите функции да ги извршуваат во интерес на јавноста.

Ова го истакна денеска на прес-конференција во Владата, дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

-Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Изминатите две години поставивме стандарди во работата на полицијата, според кои таа не може и не смее да биде злоупотребувана од ниту една политичка партија, рече таа и додаде дека значаен придонес на техничката Влада е е да организира одржување фер и демократски избори.

-Времето на партиски штабови во МВР е поминато, како што е минато и времето кога полицијата тепаше студенти, праваше упад во невладини организации и апсеше новинари. Секој еден што ќе се обиде да ги повтори старите методи со едно ливче нека снема или добро познатото фаќање за уши ќе се соочи со законот, порача дополнителната министерка.

Нагласи дека МВР има специфична структура на организационите единици, но единствена гаранција за професионално функционирање е законски применетиот принцип на хиерархија и управување со полициските задачи.

Треба да знаете
Последни објави