Search

Петровска ги посети полицискиот центар „Ѓорче Петров” и СВР Тетово

Дополнителната заменичка министерка на МВР, Славјанка Петровска денеска им се заблагодари на припадниците на Единицата за брзо распоредување и на посебните единици на полицијата на нивниот ангажман и професионализам во борбата со КОВИД 19 и порача дека претстои уште еден предизвик, а тоа е спроведувањето на фер и демократски избори.

– Чест ми е што во Министерството за внатрешни работи работат професионални и одговорни припадници како што сте вие. Она што денес го видов од припадниците на Единицата за брзо распоредување и Посебните единици на полицијата е само мал дел од она за што сте обучени и сте подготвени да го демонстирате. Во иднина усовршувајте ги вашите способности, посакувам да не треба никогаш да ги примените, а секогаш кога ќе ги примените, да бидете победници. Инвестирањето во опрема и средства за работа е инвестирање во безбедноста и стабилноста на државата, затоа што вашите животи немаат цена, Грижата за условите во кои работите е обврска на политичарите, исто како што е ваша дожност да ги чувате државата и граѓаните и тоа одлично го исполнувате, рече Петровска при денешната посета на Одделот за специјални полициски операции при МВР во Полицискиот центар „Ѓорче Петров”.

Додаде дека како Министерство се соочуваат со уште еден предизвик, а тоа е организирањето и спроведувањето на фер и демократски избори.

– Ве повикувам да го покажете својот личен и професионален интегритет и при постапувањето да се темелите на законски издадени наредби, притоа строго почитувајќи ги правилата на хиерархија и полициско постапување, порача Петровска.

Во рамки на работните активности, Петровска денеска го посети и СВР Тетово и полициската станица за безбедност на патниот сообраќај каде што оствари работни средби со раководството, а во фокусот на разговорите беа активностите и подготвеноста на полициските службеници во пресрет на претстојниот изборен процес.

Треба да знаете
Последни објави