Search

Петнаесет лица загинаа во стампедо на Мадагаскар пред почеток на концерт

Најмалку 15 лица загинаа, а над 80 се повредени во стампедо до кое дошло пред почетокот на концерт на стадионот Махамасина во главниот град на Мадагаскар, Антананарива.

Неколку минути пред да излезе на сцената пејачот Роси, луѓето кои не успеале да влезат, поитале кон вратите газејќи едни врз други, предизвикувајќи фатален епилог.

Луѓето наводно служнале дека можат да влезат на концертот, а бидејќи полицијата не ги отварала вратите, се обиделе на сила да влезат. Иако вратите биле затворени, топлата притискала да се отвори, луѓето паѓале при турканиците, а другите зад нив почнале да газат по нив, изјави началникот на полицијата, генералот Ричард Раваломанана.

Директорот на болницата, Оливат Ракото соопшти дека многумина од повредените се во критична состојба и дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.

Концертот се одржувал по повод прославата на 59-годишнината на независноста на Мадагаскар, а на истиот стадион се одржала и воена парада на која присуствувал претседателот на државата Ендри Рајоелина.

Треба да знаете
Последни објави