Search

Петнаесет деца од улица вклучени во образовниот процес

Петнаесет деца од улица кои минатата година го посетувале Дневниот центар за деца на улица и улични деца, оваа учебна година се вклучени во редовниот образовен процес. Дополнителни 15 деца се детектирани од мобилните тимови во текот на летниот период и тие годинава го посетуваат овој центар каде се подготвуваат да се вклучат во образовниот процес.

– Овде се стекнуваат со основни хигиенски навики, а има дополнителни образовни активности со цел нивна подготовка до образовен процес. Јас сум навистина среќна што може да се види дека енергијата во овој дневен центар е променета и дека кадарот го дава максимумот да ги подготви за образовниот процес. само со вклучување во образование можеме да постигнеме одредена промена која догорочно ќе може да се види и кај семејствата и кај децата во социјален ризик, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која го посети Центарот.

Сега, појасни таа, сите корисмици на гарантиран приход добиваат и образовен и детски додаток за основно и средно образование со цел да ги стимулираме семејствата ги пуштат децата во училиште, бидејќи, како што рече, само на тој начин можеме да превенираме деца на улица, но и долгопрочно да ја намалиме сиромаштијата во тие семејства.

Наташа Станојевиќ од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Скопје вели дека седум тимови од мај биле распредени на најфрекфентни подрачја во Градот Скопје, каде има детектирано деца питачи или росители со деца кои пишачат.

Таа додава дека се детектирани и дополнителен број деца во чии семејства тимовите направиле теренска посета да видат дали тие имаат потребна доументација и да им помогнат да влезат во ситемот на соццијална заштита.

– Нашата цел не е да преземаме репресивни мерки, туку да им помогнеме на семејствата, да ги подигнеме нивните родителски капацитети, вели Станојевиќ.

Таа додава дека е зголемен интересот за образовен и детски додаток, што, како што вели, покажува дека родителите се стимулирани да ги вклучат децата во образовниот процес.

Координаторката на Центарот и на мобилните тимови Соња Арсовска истакна дека тие им помагаат на смејствата во текот на целиот процес на социјализација од прибирање на целата документација до помош за вклучување на децата во редовно образоование и за остварување на правата за детска заштита.

Треба да знаете
Последни објави