Search

Петнаесет години затвор за Хрватката која си ја уби сестрата и 19 години ја чуваше во замрзнувач

Судот во Вараждин вчера ја осуди на 15 години затвор Смиљана Срнец (46) за убиството на својата сестра, Јадранка Доминиќ (23) во 2000 година. Случајот ја шокираше хрвтската јавност лани во февруари, кога телото на убиената беше пронајдено во замрзнувач во семејната куќа на осомничената во местото Паловац.

Судот досудил максимална казна, бидејќи е судено според постар закон, иако јавноста смета дека требало пресудата да биде поригорозна бидејќи телото го чувала 19 години. Смиљана со солзи ја дочека пресудата, на која одбраната најави жалба. Таа никогаш не го призна убиството иако траги од нејзината ДНК биле пронајдени во замрзнувачот.

Мотивот се претпоставува дека била љубомората, бидеји Јаранка била успешна студентка и спортистка, која имала можност за кариера во Загреб, а Смиљана морала да остане во селото да работи како келнерка и имала вонбрачно дете.

„Беше гола и завиткана во целофан. Нејзиното тело беше свиткано во колена, а рацете покрај телото. Не видов ниту една рана. Косата ѝ беше добра. Беше дури и црвена во лицето. Но само на неколку минути го кренав капакот  од замрзнувачот и го затворив. Никогаш не сум видел такво нешто, раскажал сведокот на увидот во куќата на семејството Доминиќ.

Да биде мистеријата уште поголема, се дознава дека студентката последен пат била видена кон крајот на 1999 и почетокот на 2000 година, но нејзиното исчезнување било пријавено дури во 2005 година. Не е познато како телото на студентката, која имала 23 години кога исчезнала не било пронајдено, иако полицијата повеќе пати ја пребарувала куќата.

Според форензичарите, отпечатоците земени од внатрешноста на заамрзнувачот недвосмислено укажуваат дека само Смилјана манипулирала со телото на својата убиена сестра, а во условите во кои било телото на убиената, отпечатоците можеле да бидат зачувани и стотина години.

Она што засега не е познато е кога била убиена Јасмина, односно не е можно да се утврди точниот период, иако последен пат била видена кон крајот на 1999 и почетокот на 2000 година, но нејзиното исчезнување било пријавено дури во 2005 година.

Се претпоставува дека Смиљана со два удари со непознат предмет ѝ го скршила черепот на Јасмина, а потоа го сместиле нејзиното тело во замрзнувачот, кој 18 години бил затворен. Телото на убиената ја пронашла нејзината внука, ќерка на Смилјана кога со сопругот го отвориле фрижидерот кој поради прекин на струја почнал да мириса.

 

Треба да знаете
Последни објави