Search

Петмина полицајци се заразани со коронавирус, ризично во ПС Петровец

Петмина вработени во МВР се заразани со коронавирус, објави денеска заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот Фејсбук профил.

Тој притоа како ризична ја посочува и полициската станица „Петровец“. Ги повикува вработените во МВР да ја зголемат грижата со оваа ситуација.

Според Алсат-М, вкупно 14 полицајци од станицата во Петровец се во домашна изолација откако е утврдено дека дел од нив веројатно имале контакт со лица позитивни на ковид-19.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2880830205337291&set=a.775004605919872&type=3

Треба да знаете
Последни објави