Search

Петмина повредени во судир на скопски „пасат“ и кумановска „корса“ кај Охрид

На 05.08.2020 во 11.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, помеѓу селата Издеглавје и Песочани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(34) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.Ќ.(51) од Скопје.

Во незгодата, М.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а Х.В.(23) од Куманово, сопатник во возилото „опел корса“, М.С.Ќ. и уште двајца малолетни сопатници од возилото „фолксваген пасат“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата “Св.Еразмо“ Охрид и Општата болница Охрид, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави