Search

Петмина повредени во судир на „мерцедес“ и „ауди“ кај Трубарево

На 20.03.2019 во 21.10 часот на регионален пат Скопје-Велес, во село Трубарево, се случила сообраќајна незгода помеѓу  возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(46) од Скопје и возило „Мерцедес Ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.М.(26) од село Студеничани, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото „Мерцедес“, Ќ.А.(45) и М.И.(18) од село Студеничани на кои им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „Мерцедес“, А.И.(31) од село Студеничани.

Увидна екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави