Search

Петмина повредени во сообраќајка кај Крива Паланка

Петмина се повредени во судир на два автомобила, вчера на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 17.30 часот. Тогаш „фолксваген голф“ управуван од Ѓ.Ј.(51) од село Пузаљка, Старо Нагоричане и автомобил „фолксваген пасат“, што го управувал Н.Г. (21) од Куманово.

Во незгодата тешко е повредена Ј.И.Н.(20) од Пузаљка, сопатничка во „голфот“ и била пренесена во болницата во Куманово. Полесно се повредени двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. .

Треба да знаете
Последни објави