Search

Петмина повредени во сообраќајка кај Струмица

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случи денеска околу 13:50 на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево.

Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека дошло до директен судир на два автомобили, а пет лица се повредени и се пренесени во Струмичката болница.

За сообраќајната несреќа информираа и од Територијалната професионална против пожарна единица на Струмица. Шест пожарникари интервенирале во извлекувањето на повредените, кои потоа биле предадени на екипите на Првата помош.

На местото на несреќата се врши увид. Патот е затворен за сообраќај, а полицијата го насочува преку заобиколни патишта.

Повеќе детали за несреќата од полицијата најавуваат за подоцна.

Треба да знаете
Последни објави