Search

Петмесечно бебе во Болоња почина по извршен сунет

Бебе на возраст од пет месеци почина во болница во Италија откако родителите дома му направиле постапка за обрежување, објави Би-Би-Си.

Бебето беше однесено во болница во Болоња поради срцев удар во петокот вечерта, но по кратко време починало. Властите во северниот регион Емилија Ромања отвориле истрага против родителите со потекло од Гана.
Сличен случај се случи и во декември минатата година, кога двегодишно момче почина по неуспешните обиди за обрежување во центарот за мигранти во Рим.

Во Италија годишно се прават речиси 5.000 обрежувања, а повеќе од една третина се нелегални.

Обрежувањето е легално во Европа, иако се почесто се смета за контроверзно. Судот во Германија издаде забрана за обрежување во 2012 година, откако дошло до компликации кај четиригодишно момче. Меѓутоа, подоцна истата година германските власти потврдија дека постапката е легална, ако обрежувањето е спроведено од стручен кадар.

Судот во Велика Британија, пак, донесе одлука во 2016 година дека таткото не може да го обреже синот ако мајката не се согласува.

Треба да знаете
Последни објави